Кај базата на „Македонија пат“ – Гевгелија, вчера, полициски службеници дале знак за запирање на камион со скопски регистарски ознаки, управуван од Ж.В.(26) од Скопје.
Возилото не застанало и во близина на село Грчиште, Ж.В. го запрел возилото и почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и уапсен. При прегледот во возилото биле пронајдени 48 лица-мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и 10 од Бангладеш.
Ж.В. бил предаден во Полициската станица Гевгелија и по целосно докуменирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.