Полицијата приведе две лица и заплени златни монети, по сознанија дека договориле продажба на монетите.
– По добиени сознанија дека И.Н. од Прилеп, заедно со уште едно лице договориле продажба на златни монети на лице во Кочани, околу 11 часот на регионалниот пат, на влез на Кочани, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип запреле возило „фолксваген“ , управувано од И.Н., а сопатник бил Ш.С. од Кавадарци. При преглед на возилото, пронајдени се 16 златни монети – велат од МВР.
Лицата се приведени и задржани во полициска станица Кочани , известен е јавен обвинител од кого се добиени насоки лицата да се задржат за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден извршен е претрес на дом и други простории кај три лица Е.П (43)од Кавадарци,Ш.С(41) од Кавадарци и И.Н(46)од Прилеп. Во тек се претреси на уште две локации во Скопје и Кочани. Во врска со овој кривично правен настан МВР соработува и разменува дополнителни информации со Интерпол и Европол.