По изрекувањето на пресудата од осум години затвор од страна на судијката на Кривичниот суд, Добрила Кацарска, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески од вчера се наоѓа домашен притвор.
Талески домашниот притвор го одлежува во станот каде што живее.
Со цел да утврди дали Владимир Талески ја почитува мерката домашен притвор битолската полиција редовно го контролира во текот на денот.
Со првостепената пресуда на Кривичниот суд, за случајот „Транспортер “, Владимир Талески, судијката Кацарска го осуди на казна затвор од осум години, а неговиот прв соработник, секретарот на општината Битола, Слободан Бончановски е осуден на казна затвор од шест и пол години. М.М.