Во акција на полициски службеници од ОВР Гевгелија и СВР Струмица, денеска, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес на дом и помошни простории кај В. Д. (39) во Гевгелија.
Како што информираат од МВР, при претресот, покрај 39-годишникот, биле затекнати и Н.Ј. (43), В.П. (40), М.С. (41) и Б.Џ. (36), а биле пронајдени хероин и други предмети со остатоци од хероин.
Поради сомневање за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и овозможување употреба на наркотични дроги, лицата се лишени од слобода и спроведени во ОВР Гевгелија, а по документирање на случајот, ќе следуваат соодветени пријави.