Дебарската полиција вчера во попладневните часови го привела Б.М. (60) од овој град, кој претходно, од патрола составена од полицајци, пожарникари и припадници на шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово.
Патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и нискостеблеста вегетација.
Во координација со Јавен обвинител, 60-годишникот е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за предизвикување шумски пожар, од Кривичниот законик.