Во Полициската станица Штип дошло до физичка пресметка помеѓу две службени лица, информира МВР.
-На 01.10.2018 година во 23.00 часот во Полициската станица Штип, полициски службеник од Штип пријавил дека истиот ден околу 19.20 часот во зградата на Полициската станица Штип, бил удрен од друг полициски службеник- соопшти МВР.
Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола при МВР и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.