Од синоќа гори борова и букова шума на планината Беласица, над селото Габрово, информираа од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица.
Според Никола Ристов, шеф за заштита на шуми при Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица, на местото на пожарот се испратени 12 вработени, кои се обидуваат да го стават под контрола.
Додава дека пожарите зачестиле откако почнала ловната сезна.
Затоа апелира до сите кои се движат низ шумата, а посебно до ловците да се однесуваат внимателно и да не палат оган на отворено.