На 10.04.2020 во 13.50 часот во Полициско одделение Матејче било пријавено дека во близина на манастир „Пресвета Богородица” во с.Матејче настанал пожар, при што била опожарена сува трева, нискостеблеста шума и зимзелени дрва, а пожарот зафатил и дел од кровна конструкција на запуштен конак и поранешно детско одмаралиште „Матејче“.

Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.