Утрово изби пожар во зградата во која се наоѓаат просториите на ТВ ВИС во Струмица.
Од телевизијата пренесуваат дека пожарот ги зафати телевизиското студио и техниката, но и останатите субјекти кои се сместени во зградата.
Поголем дел од опремата е изгорен, а дел е уништен од водата за време на гасењето на огнот.
Засега не е познато кои се причините за пожарот и колкава материјална штета е причинета.