Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица затруени од чад во пожарот што се случи денеска во стан во зграда на улицата „Димо Гавровски Кара“ во Тетово.
Тешко повредениот е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.
Од Клиничката болница Тетово информираа дека кај повредениот маж имало изгореници од 4 степен, додека заструените од чадот се во лесна состојба. Тие биле примени во интерно одделение, а потоа пуштени на домашно лекување.
Експлозијата најверојатно ја предизвикала плинска боца. На терен интервенирале 10 пожарникари и три возила.