Доцна вечерва избувна пожар на блок 3 во РЕК „Битола“, со што огнот брзо бил изгаснат и нема повредени, соопштија АД Електрани.
– Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50 часот на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат – стои во соопштението од АД Електрани.