Вработен во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ вчера пријавил дека настанал пожар во затворската кујна.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во пожарот со повреди се здобил Ј.Б., вработен во затворот, кој бил пренесен во поликлиника „Ченто“ за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот.