Пожар на Клиниката за радиологија избувнал попладнево, при што вработените и пациентите биле навремено евакуирани.
Пожарот веќе е изгаснат и ставен под контрола. Нема повредени, додека е причинета материјална штета.
Четири противпожарни возила учествувале во гаснењето на пожарот на клиниката.
Истрагата допрва треба да покаже како дошло до пожарот.