Избувна пожар во зградата на „Хипериум бизнис центарот“ во скопски Карпош. Се запалила трафостаница на ниво минус два, на место за паркирање. Веднаш се влучил алармот, а вработените од зградата биле евакуирани. Пожарот го гаснеле пет возила на противпожарната бригада.

– Пожарот е изгаснат, сега на паркингот работат екипи на ЕВН. Пожарот избил најверојатно од преголем напон на трафостаницата. Вработените почнаа да се враќаат во зградата, но во објектот се уште нема струја – изјави Владимир Симоновски, командант на скопската противпожарна бригада.

Дел од вработените, иако е изгаснат пожарот, се уште се пред зградата. Се чувствува непријатен мирис на стопена пластика. Пред зградата има и полиција.
Претставнинкот на „Граве“ не сакаше да даде изјава, а тоа не им е дозволено ниту на вработените.