Вчера околу 10.30 часот, во ОВР Кичево пријавен е пожар во објект од услужна дејност на улица „Маршал Тито“, при што целосно изгорела покривната конструкција на објектот. Нема повредени а направена е само материјална штета, чија висина допрва ќе се утврдува, а пожарот е изгаснат од екипа на ТППЕ Кичево.
Ова е втор пожар во градот за само три дена, откако претходно во населба Подварош беше опожарена куќа, кој поради ненавремено исклучената електрична струја, предизвикал опожарување на поголем дел од објектот. З.А.