Голем пожарот ја зафати околината на Кочани.
Пламените јазиции стигнаа до градот и според првичните информации горат куќи во Кочани меѓу кои е зафатена и куќата на градоначалникот Николчо Илиев.
Ситуацијата е сериозна и се бара помош од сите страни, јави Телма. Пожарникарите со часови се борат да го стават пожарот под контрола.
Пожарот почнал околу 14 часот. Првично снемале струја, а потоа се разгорил поради ветерот што го разнесува на сите страни.
Како што изјави директорот на РЦУК, Стојанче Ангелов, во моментов во земјава се активни 13 пожари.