Полицијата поднесе кривична пријава против ноќниот клуб во Струмица, во кој викендов, била организирана забава, без почитување на мерките за заштита од коронавирусот.
Пријава е поднесена и против едно одговорно лице И.В.(45) за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
– На 18.07.2020 на профил на социјалната мрежа Инстаграм, кој го користи пријавениот правен субјект, било објавено дека истата вечер во нивен угостителски објект ќе настапуваат естраден уметник и музичка група.
Од преземените мерки и обезбедените докази било утврдено дека правното и одговорно лице дозволиле во периодот од 21.00 до 01.00 часот во објектот да се одржи настап на естрадниот уметник и музичката група и воедно дозволиле и присуство на неограничен број гости кои биле послужувани на шанк и стоечки маси, со што постапиле спротивно на Протоколот за отварање и работа на кафетериите, а кој произлегува од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот – соопштија од МВР.