При експлозија на плинска боца, вчера настанал пожар во куќа на 74-годишник во Тетово.
Како што јави МВР, мажот се обидел самиот да го изгасне пожарот, но се здобил со повреди на лицето и рацете, по што бил префрлен во Клиничка болница Тетово.
Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот бил целосно изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Тетово.