В.М.(41) од село Дурачка Река и Н.С.(40) од Крива Паланка, рудари во рудникот Тораница кај Крива Паланка се повредени вчера од одрон при ископ на руда.
Како што соопшти МВР, вчера околу 14.40 часот во Здравствен дом Крива Паланка двајцата биле донесени за укажување лекарска помош.
-В.М. по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје за понатамошно лекување, додека кај Н.С. биле констатирани телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување во Здравствен дом Крива Паланка. Според пријавеното, лицата се здобиле со повреди при вршење на ископ во рудникот, каде се одронил материјал – руда.
Извршен е увид на местото на настанот од страна на полициски службеници, трудов инспектор, државен рударски инспектор и претставници од рудникот.