Повредените патници сместени во болницата „Пирогов“ се во стабилна состојба и не се животно загрозени, како што информираат од болницата, а пренесуваат бугарските медиуми.
Двајца од нив биле оперирани вчера, а една операција е закажана за денеска. Македонските државјани кои биле на интензивна нега, преместени се на клиничкото одделение за изгореници и пластична хирургија.
Хоспитализираните добиваат и психолошка поддршка поради претрпениот шок и стрес.