Министерството за правда вчера побара екстрадиција на Игор Спасов од Бугарија, каде што беше уапсен по меѓународна потерница на 1 февруари.
Поранешниот припадник на специјалните едници на МВР осуден за убиството на Мартин Нешковски, беше приведен по пријава за семејно насилство.
– Во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти кои понатаму ќе постапуваат по истото – се наведува во соопштението од министерството.
Барањето за екстрадиција го потпиша министерот за правда Бојан Маричиќ.
По Спасов, кој е осуден на 14 години затвор, се трагаше од октомври 2019 година. Тој беше пуштен од затвор на лекување, по што не се врати назад. Спасов претходно одлежа околу половина од затворската казна.