Педесет и шестгодишен стружанец украл 8.500 евра од старец во Струга.
Според информациите на МВР, осмничениот Ќ.А.(56) од струшкото село Лабуништа, во текот на јули во Струга пресретнал 76-годишен стружанец и му побарал, ако има, да му покаже како изгледаат евра.
Старецот извадил од џебот 8.500 евра, кои претходно ги подигнал од банкарска сметка и му ги покажал, по што пријавениот насилно му ги одзел.
Против него е поднесена пријава за тешка кражба на дрзок начин.