Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13.30 часот на ул.“Маршал Тито“ во Градско помеѓу мотоцикл марка „Јамаха“ со скопски регистарски броеви управуван од П.С.(20) од с.Дреново – кавадаречко и патнички автомобил марка “Мазда-3“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од О.А.(40).
Како што појасни Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес, по незгодата на лекарски преглед во Приватна здравствена установа во Градско се јавиле сите учесници.
– Констатирани биле повреди кај возачот на мотоциклот и неговиот сопатник С.П.(30), додека возачот на автомобилот и неговите сопатници Г.С.(69) и А.С.(35) по укажаната медицинска помош биле упатени на болничко лекување – рече Додевски.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.