Претседателот, Стево Пендаровски, ги откажа најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста, поради пожарот во модуларната болница во Тетово во кој синоќа загинаа најмалку 14 лица. Пендаровски изрази сочувство до семејствата.
– Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување – напиша Пендаровски на Фејсбук.
Во пожарот кој избувна синоќа околу 21 часот и во кој целосно изгоре ковид – центарот во Тетово загинаа најмалку 14 лица. Според првичните сознанија на обвинителството, меѓу жртвите нема медицински персонал. Причините за пожарот се утврдуваат.