Пациент кој се лекувал на интензивна нега во градската болница „8 Септември“, а кој бил и под психијатриска опсервација, утрово се самоубил скокајќи од прозорец.
– На 10.2.2021 година, пациент хоспитализиран во интензивна нега во ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ – Скопје (пациент А.Ц., роден 1950 год.), во тешка состојба, и под психијатриска контрола и опсервација, и покрај сите преземени мерки, во утринските часови скокнал од прозорец од прв кат – велат од болницата.
Од таму додаваат дека и покрај преземените реанимациски постапки од страна на дежурната екипа, во 7.30 часот пациентот починал.
Од болницата информираат дека се известени сите надлежни институции. Направен е увид на местото, телото е предадено на обдукција, а здравствениот инспекторат врши вонреден инспекциски надзор.
ГОБ „8 Септември“ е главен државен ковид-центар од 15 март минатата година. Таму моментно се лекуваат 80 пациенти поради ковид-19.