Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека извршило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 од Кривичниот законик.
Покрај донесената Наредба за спроведување истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Охрид достави и предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.
– Сторителот, 35-годишен охриѓанец, неовластено набавил дрога марихуана и ја држел во својот дом во Охрид. Во домот на осомничениот е извршен претрес при што е пронајден еден килограм дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење – две дигитални ваги со остатоци од растителната материја – соопшти ЈОРМ.