Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-Обвинетиот, државјанин на Република Косово и без пријавено живеалиште или престојувалиште во земјава, на 17 март 2019 година во близина на граничниот премин Блаце, неовластено држел 14 полиетиленски пакувања наркотична дрога марихуана. Пакувањата биле сместени во две јутени вреќи со вкупна нето маса од 14.050,8 грама. Дрогата била пронајдена и одземена при претрес од страна на овластени службени лица, соопштуваат од прес-службата на ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител до судот доставил и Предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека и натаму постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото што му се става на товар.