Триесет и шестгодишен охриѓанец загина откако со мопед најпрво удрил во пешак, а потоа во автомобил, соопшти полицијата.
Според истиот извор, вчера во Охрид, на крстосницата од улицата „Абаз Емин“ со улицата „Железничка“ моторцикл „Јамаха“ со битолски регистерски таблици, управуван од С.И. (36) од Охрид, удрил во пешакот Р.С. (52) од Охрид, а потоа и во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управуван од Ф.Б. (58) од Охрид. Во незгодата на самото место починал С.И., а со тешки телесни повреди се здобил пешакот Р.С. кој бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.