Пронајден е охриѓанецот за кој вчера полицијата доби пријава дека е киднапиран.
Од МВР известија дека станува збор за лажно пријавување, односно тој самиот ја испратил пораката кај неговиот брат во која се вели дека киднаперите бараат пари за негово ослободување.
Случајот вчера во полицијата го пријави братот на охриѓанецот.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување кривично дело.