СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д. (20) од Велес поради детска проституција.
Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во повеќе наврати подведувала 15-годишно девојче да дава сексуални услуги на повеќе локации во Скопје и Велес, а паричниот износ кој го добивала за услугите ѝ го одземала. На 13.7.2020 девојчето го пријавило настанот, по што биле преземени мерки, соопшти полицијата.