Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север вчера откриле 11 фалсификувани негативни ПЦР-тестови. При проверка на ПЦР-тестови приложени од македонски државјани на граничниот премин Табановце биле откриени девет фалсификувани негативни ПЦР-тестови, додека на граничниот премин на меѓународниот аеродром Скопје биле откриени два фалсификувани тестови.
Со сите 11 лица бил извршен разговор, при што појасниле дека тестовите ги набавиле од посредници за сума од 1.000 до 2.000 денари. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 378 од Кривичниот законик – „фалсификување исправа“ и по член 206 – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.