При последната контрола на сообраќајната полиција, во полошкиот регион откриени се шест технички неисправни автобуси и комбиња што вршат јавен превоз.
Според СВР Тетово, вчера на тетовско-гостиварското подрачје била спроведена уште една од планираните контроли на возила, претежно автобуси и комбиња.
– Со контролата вкупно биле опфатени 14 возила (ТЕ-3 и ГВ-11). Кај шест од нив откриена е техничка неисправност (ТЕ-1 и ГВ-5). Пет возила имале неисправни сопирачки (ТЕ-1 и ГВ-4), додека едно неисправен уред за управување (ГВ ). На технички неисправните изготвени им се прекршочни платни налози и веднаш се исклучени од сообраќај – наведуваат од СВР Тетово.
На тетовското подрачје, контролирани се и три мотоцикли, при што утврдени се исто толку прекршоци. Еден го управувало лице без возачка дозвола, еден имал истечена регистрација, а еден не користел заштитна кацига. Прекршоците заокружени се со законски предвидените поднесоци.