Емил Јакимовски, кој деновиве беше прозван во јавноста поради закани кон две новинарки, доби отказ од Централниот регистар поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.
Од Централниот регистер појаснуваат дека Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договор за вработување, според кои, иако вработениот задолжително треба да го чува, сепак не го чувал угледот на работодавачот и не се воздржувал од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши се штетни или ги повредуваат интересите на работодавачот, професионално не се однесувал кон другите вработени и странките, не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина кај работодавачот.
Во изминатиот период во МВР имало повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од Јакимовски, а пријава поднела и директорката на Централен регистар, Марија Бошковска-Јанковски.