Во кумановската полиција во раните утрински часови било пријавено дека се пронајдени мигранти на автопатот Куманово-Табановце, поточно кај клучката за село Костурник.
Како што информираат од МВР, мобилна екипа на Царинска управа во автомобил со скопска регистрација пронашла осум мигранти (двајца од Ирак и шест од Пакистан).
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.