Заменикот министер за здравство, Илир Хасани, преку својот фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата.
– Во вакви сериозни моменти за сите нас, давам оставка како највисок морален чин. Дури и покрај фактот дека немам никаква врска со постапките за модуларните болници, иако немам ништо друго со организацискиот дел, оставката е најмал чин што можам да го сторам во овој момент, да ги почитувам жртвите, повредените, мислењето и најчесто самите себе. Ништо над достоинството! – напиша Хасани.
Претходно денеска оставки поднесоа Флорин Бесими, кој ја извршуваше функцијата директор на Клиничката болница во Тетово и економскиот директор во болницата, Артан Етеми.