Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во изјава за медиумите истакна дека започнат е процесот на идентификација на телата на жртвите од страшната сообраќајна несреќа.
– Во тој процес нашите експерти се активни. Побараа помош и се договоривме во делот на забрзување на собирање на билошките материјали, постапка која што МВР веќе се прави во Скопје и очекуваме да се заокружи со цел да почне процесот на идентификација – истакна Османи.
Тој вели дека оваа процедура ќе трае седум дена.
– Тој процес на идентификација врз основа на ДНК материјали ќе трае седум дена и тоа е важно за семејството, државата во одделот на планирањето – додаде Османи.