Разни пушки, пиштол и муниција биле пронајдени во куќа во Битола.
Според информациите на МВР, денеска, полицијата извршила претрес во домот на лицето Д.Г. (34) од Битола поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи.
При претресот во домот на лицето се пронајдени и одземени еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9 мм за пиштол, седумдесет и две парчиња ловна муниција, еден куршум калибар 7. 65 мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.