На барање на обвинителката Фатиме Фетаи, Судот им определи притвор на двајца обвинети во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.
На обвинетиот Фејзи Азири му е определена мерка притвор во траење од 30 дена и решението е доставено во Истражниот затвор Скопје каде што се наоѓа обвинетиот поради издржување друга затворска казна.
Другиот обвинет за кој е определен притвор е Агим Исмаиловиќ по кого полицијата трагаше неколку часа. Според најновите информации, Исмаиловиќ е на пат кон затворот во Шуто Оризари.
Во случајот со петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 година обвинети се пет лица.
Покрај Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, обвинети се и братот на Агим, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута.
Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово.
Петтемина беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток.