Двајцата штипјани што претепаа и навредуваа 21-годишна девојка во влез на станбена зграда, а насилството го снимале на мобилен телефон утринава влегоа во судницата во штипскиот суд.
По еден час судењето се одложи за наредниот вторник, откако бранителот на двајцата побара да се види со нив во кумановскиот затвор.
Бидејќи се работи за итен притворски предмет судењето ќе продолжи на 28 април. Тој период му го даде судот на бранителот да ја подготви одбраната на обвинетите, велат од Основниот суд во Штип.
Двете момчиња на возраст од 23 и 26 години беа откриени на 2 април, кога беше објавено видеото на социјалните мрежи.
Против момчињата поднесено е обвинение за извршено кривично дело насилство, а за вакво дело казната е од шест месесци до пет години затвор.