Рочиштето за предметот ТНТ е одложено заради здравствени пречки на надлежниот обвинител, информираат од Кривичниот суд.
Следното продолжение на главната расправа е веќе насрочено за среда, за кога се повикани странките, додаваат од судот.
Во предметот ТНТ, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.