Одложено е рочиштето за тужбата на премиерот Зоран Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на опозицијата за клевета, беше одложено. Изостана и соочувањето помеѓу политичарите бидејќи Заев не дојде во судницата, при што присуствуваше неговиот адвокат.
Рочиштето е закажано за 20 ноември, со цел двете страни да се запознаат со доказите. Николоски побара доказите да му бидат доставени во целост и да ја дополни и својата листа со докази.
– Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета – изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, додавајќи дека во демократскиот свет не е видено премиер да тужи за клевета потпретседател на најголемата опозициска партија.
Се работи за негова изјава дадена на крајот на август 2019 година. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека изјавата не била демантирана, а семејството Заеви биле опседнати со него, бидејќи претходно за клевета бил тужен и од Вице Заев.
Заев го тужи Николовски за изјава дадена во август лани, во која тужениот го обвинува оти е на врвот на пирамидата што рекетирала над 20 милиони евра. Заев бара отштета од 60.000 денари. Лани и Вице Заев, братот на премиерот, го тужеше Николовски за клевета, со што судот пресуди во корист на тужителот.