Денешното рочиште за случајот „Насилство во општина Центар“ е одложено за 17 септември, бидејќи обвинетиот Александар Трајковски има нов адвокат и нему му требало време за да се запознае со предметот.
Барањето на обвинетиот Миле Јанакиески, поранешниот шеф на кабинетот на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, уште еднаш да биде сослушан како сведок, беше одбиено на денешното рочиште.
Минатата година, предметот „Насилство во општина Центар“ почна од почеток.
Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за Транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешната пратеничка Даниела Рангелова и уште 11 лица.
Според обвинението Груевски со умисла го поттикнал Јанакиевски да изврши насилство врз поранешниот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски и членовите на советот на општината.