Основниот суд Скопје 1 информира дека рочиштето за предметот „Рекет“, кое беше закажано за утре и задутре, се одлага.
„Заради интерес на медиумите и набљудувачите од невладините и меѓународните организации кои го следат судењето за случајот „Рекет“, ја информираме јавноста дека по барање на Јавниот обвинител, продолжението на главната расправа насрочено за 19 – ти и 20 – ти мај 2020 год. се одлага“ соопшту судот.
Следните закажани термини се на 25 и 26 мај во 10 часот за што веќе се известени и странките во постапката.