Маскирани разбојници вчера со закана со ножеви ограбиле маркет во Тетово.
Како што соопшти МВР, на ул. „Штипска“ во Тетово четворица маскирани од вработените ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.