Во селото Нижеполе, Битолско вчера била ограбена црквата „Свети Параскева“.
Во Секторот за внатрешни работи Битола В.Ј. (57) од село Нижеполе, вчера околу 18 часот пријавил дека истиот ден во времето од 11 до 16 часот непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Свети Параскева“, при што одзел околу 4.500 денари.
Како што соопшти МВР, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.