Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Света Петка“ во кичевското село Прострање, при што откако влегол во црквата, со подесен предмет делувал на катанецот од металната каса и одзел околу 1.500 денари.
Исто така, во период од 23 до 25.06.2018 година во село Прострање, непознат сторител го пронашол клучот од влезната врата во црквата „Св. Никола“, по што влегол внатре и откако не пронашол ништо, заминал.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настаните.