Вооружени разбојници рано утрово ограбиле бензинска пумпа лоцирана на улицата Перо Наков, соопшти полицијата.
Според истиот извор, две непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво и одзеле 6.000 денари по што со моторцикл го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.