Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утрово влезе во ДИК и ја одзема тендерската документација за софтверот, по инцидентот што се случи на изборниот ден кога сајтот на ДИК падна и не можеа да се следат изборните резултати, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на изјава на обвинителката Вилма Русковска.
Постапката за софтверот е отворена по допрен глас, а целта е дали се утврди дали било извршено кривично дело при спроведување на тендерот за софтверот.
Поради хакерски напад кој траеше неколку дена, ДИК не беше во можност електронски да ги соопшти резултатите од изборите.