Обвинителката Фатиме Фетаи синоќа околу полноќ имала сообраќајна несреќа во скопски Чаир. Во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ на обвинителката и биле констатирани лесни повреди. Возачот кој го управувал другото возило, немал никакви повреди и не бил пренесен во болница.
– На 25.6.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата на улиците Македонско Косовска и Џон Кенеди се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘сеат ибица’ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш. (55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје – соопштија од МВР.
Фетаи била пуштена од болница, веднаш по прегледите. Нема информација како дошло до сообраќајната несреќа. Познато е само дека освен повредите на Фетаи, причинета е и материјална штета.