Александар Трајковски, еден од обвинетите за „Шамарите во Центар“, по денешното рочиште презентираше слика на која се ракуваат поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски и осомничениот, Бојан Јовановски.
Тој вели дека заедно со останатите обвинети во случајот „Насилство во Центар“ се сомневаат дека Жерновски со финансирање на проект на Меѓународниот сојуз од еден милион денари успеал преку Јовановски и Јанева прекршочната да ја смени во кривична постапка со што ќе бидат прогонувани членови на ВМРО-ДПМНЕ.
-Како обвинети кај нас постои сомнение дека и овој случај е инфициран од предметот „Рекет“. Доколку проверите на Фејсбук ќе видите слика каде Жерновски е фотографиран со еден од осомничените и помошниците на Катица Јанева, Бојан Јовановски. Центар одвои средства за финансирање проекти на Јовановски. Дали Жерновски како градоначалник има дадено еден милион денари за да се процесуира кривичната пријава против нас. На почетокот била поднесена прекршочна, а потоа на негово барање отворена е кривична постапка – рече Трајковски.
Тој го повика јавното обвинителство да се позанимава и да ја преиспита соработката на општина Центар со Меѓународниот сојуз чиј претседател е Бојан Јовановски.